Средба на министерот Сарачини со украинскиот амбасадор

 

Унапредувањето на соработката во областа на туризмот меѓу Македонија и Украина беше главна тема на денешната средба меѓу министерот за економија Ваљон Сарачини и  амбасадорот на Украина Јуриј Гончарук.

Амбасадорот Гончарук ги претставил приориетите на Украина како претседавач на Централноевропската иницијатива, истакнувајќи дека централното место го зазема промовирањето и развојот на регионалниот туризам. Го презентирал и предлогот за создавање единствен туристички простор во регионот, по примерот на слободна трговска зона, со што поедноставно би креирале заеднички туристички проекти од сите земји кои се членки на ЦЕИ, односно заедничка промоција на различни туристички дестинации.

Министерот Сарачини на средбата нагласил дека туризмот може да се развива само со модернизирање и подобрување на транспортот, како и олеснување на прекуграничните патувања на граѓаните во различни земји. Ја истакнал важноста на унапредувањето на соработката во областа на туризмот меѓу двете земји, укажувајќи на зголемувањето на бројот на украинските туристи преку промовирање на Македонија, потенцијалите што ги нуди, нејзините природните убавини.

Сарачини потсети на продолжувањето на државните субвенции за сите туроператори, кои ќе донесат странски туристи во земјава, што претставува мерка која треба да го зголеми странскиот туристички промет во државата.