Министерот Попоски се сретна со американскиот заменик државен секретар Барнс

Во Стејт Департментот, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со заменик државниот секретар на САД, Вилијам Барнс.

За време на средбата министерот Попоски ги истакна заложбите кои во континуитет ги превзема Владата на Република Македонија во насока на полноправно членство во Европската унија и НАТО. Се осврна на успешниот ангажман кој Република Македонија го извршува во меѓународните мировни мисии и во таа насока изрази задоволство од досегашната соработка со САД на овој план. Ирази очекување дека поддршката на САД во интеграцијата на Република Македонија во НАТО ќе продоложи и понатаму. 

Заменик државниот секретар Барнс, ја истакна цврстата определба на САД за продолжување на процесот на проширување на Алијансата со нови земји членки. Ја нагласи континуираната поддршка на САД кон Република Македонија и нејзината кандидатурата за полноправно членство во Алијанасата.