Груевски: За евентуална ревизија на проекциите за БДП требаат резултати од најмалку еден квартал
Премиерот Никола Груевски вели дека за евентуално ревидирање на проекциите за растот на домашната економија од страна на Владата треба да се видат резултатите од најмалку еден квартал за да потоа на поцрсти основи се одлучи дали ќе има ребаланс на буџетот.
Во коментар на различните проекции на НБРМ за раст на БДП од 2,4 проценти годинава, наспроти владините од 4,5 проценти, Груевски денеска оцени дека централната банка има полесна ситуација, со оглед дека секој месец врши ревизија на економските индикатори, но не подготвува и не предлага буџет пред Парлементот.
- Правењето буџет е неколку месечна работа и тоа неможе да се менува од месец во месец, така што улогата на централната банка е секој месец да врши ревизии но нашата улига е да бидеме повнимателни, да погледнеме трендови од барем неколку месеци или барем еден квартал по што ќе донесеме посигурна проценка, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Машинскиот факулет.
На почетокот на 2011., потсети премиерот, централната банка излезе со проценка дека таа година ќе ја завршиме со два проценти раст, а Владата излезе со прогноза од 3,5 проценти раст. На крајот се чини ќе излезе дека ќе ја завршиме со најмалку од 3,5 проценти раст.
- Со тек на времето централната банка се прилагодуваше на проекциите на Владата. Некогаш може да биде и обратно, некогаш може централната банка да биде поблиску до проекциите, а Владата да се прилагоди на нејизините прогнози. Но, како и да е Владата неможе секој месец да дава ревидирање на плановите и да ги преточува во ребаланси и во тој случај секој месец би требало да имамем ребаланси. Никоја Влада во светот не го прави тоа, рече Груевски. Тој тодаде дека затоа се следат состојбиде во еден период од најмалку еден квартал по што се носат заклучоци, ревидирање на проекциите и доколку има потреба се оди кон одредени промени во буџетот односно ребаланс.
- Така ќе биде и овојпат. Дозволете да поминат неколку месеци, да ги видиме резултаите од тие неколку месеци и потоа на поцврсти основи да одлучиме ако има ревидирање на проекциите како ќе биде и дали ќе има и каков ќе биде евентуалниот ребаланс, укажа претседателот на Владата.
Според него, независно од насоката на раст на БДП и евентуален ребаланс на Буџетот, ќе нема кратење на субвенциите за земјоделците.
- Независно што ќе се случува со развојот на економијата, односно дали БДП ќе оди во подобра или полоша насока, дали ќе треба да се крати Буцетот или не, она што е ветено за земјоделците ќе биде исполнето. За оваа година остануваат 130. милиони евра субвенции рекордно ниво досега. Никогаш претходно Македонија немала толку пари да ги подели во една година како субвенции за земјоделците. Можам да потврдам дека дури и да има ребаланс и кратења во буџетот, тие нема да бидат на ставката субвенции за земјоделството односно на грбот на земјоделците, најави Груевски.
Владата, како што рече, останува и на ветените субвенции за тутунот од едно евро. Соодветно на периодот кога следува неговото плаќање, како што било во претходните години, така ќе биде и во оваа година и ќе извршиме исплата на субвенциите, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Машинскиот факултет.