Груевски: Економските презентации значително ќе ги зголемат инвестициите во Македонија
Презентирањето пред инвеститори во различни држави и градови дава надеж дека тие значајно ќе го зголемат доаѓањето на странски инвестиции. Конкретни резултати од тоа, по неодамнешната објава за инвестирање во Македонија од белгиска компанија за производство на автобуси, е и најавата на компанија од автомобилската индустрија која ќе биде стационирана околу Повардарието, помеѓу Велес и Кавадрци, и ќе отвори 4.000 нови работни места.
Тоа го објави денеска денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Машинскиот факултет во Скопје.
- Сеуште ја немаат избрано локацијата, но веќе регистираа фирма во Македонија и имаат интерна одлука за инвестирање. Таа е од делот на автомобилската индустрија. Според она што ни го кажаа ќе вработат 4.000 луѓе. Тоа е рекордна бројка. Не знам дали во Македонија има компанија воопшто независно државна или приватна што вработува 4.000 луѓе, изјави Груевски.
Според него, компанијата кон крајот на годинава планира да вработи 300 до 400 лица, а во наредните две години ќе ги комплетира 4.000 вработувања. - Каде ќе одберат да инвестираат, локацијата е нивно право. Засега немаме можност да го објавиме нивното име освен дека се од автомобилската индустрија и дека ќе почнат со 300 до 400, а ќе завршат со 4.000 вработени, посочи Груевски.
Тие две компании се дел од 10. кои како резултат на економските презентации на Владата во различни држави донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Груевски очекува останатите осум компании кои имаат такви одлуки инвестициите да ги објават до средината на годинава.
На сите досегашни економски претставувања пред странски инвеститори, истакна премиерот, имало огромен интерес, но најголем на последното во Турција. Таму околу 1.700 компании во шест градови дошле да слушнат за можностите за инвестирање во Македонија. Некои од нив поединечно се сретнале со македонската делегација и изразиле конктретен интерес да инвестираат во Македонија.
Премиерот укажа дека се разговара и со други компании за инвстирање кои сеуште немаат интерна одлука, но, како што рече, се блиску до таква одлука или се влезенеи во некој потесен круг од две или три држави во која да инвестираат.
Според Груевски, досега стрикно е почитувано правилото на деловната етика според кое во ниту едн случај државата не смее да го објави името пред тоа да го направи компанијата.
- Заради тоа стекнамве одредена доверба и кредибилитет кај нив за разлика од минатото пред нашето доаѓање кога тој кредибилитет беше загубен затоа што најчесто властите уште при првото доаѓање на компаниите за анализиа на пазарот ги пречекуваа со сите медиуми и со бомбастични најави дека веќе е договорена работата а тие дошле само да го анализираат пазарот. Многу сме внимателни во тој дел и тоа ни се исплати затоа што странските компании не гледаат сериозно и серизоно разговарат со нас без страв дека ќе им ги нарушиме нивните планови, изјави Груевски при посетата на Машинскиот факултет.