Марјан Хрибар присуствуваше на редовната седница на Комитетот за туризам

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа редовна седница на Комитетот за туризам со која претседаваше премиерот Никола Груевски.

На денешната седница Комитетот за туризам продолжи со разгледување на повеќе точки од акциониот план за имплементација на Националната стратегија за развој на туризмот,  при што беа донесени повеќе заклучоци со конкретни задолженија за надлежните инсититуции врз основа на кои треба да се операционализираат предвидените мерки.

Во работата на денешната седница на Комитетот за туризам учествуваше и словенечкиот експерт за туризам Марјан Хрибар, кој што во наредниот период ќе биде ангажиран да ги пренесе своите искуства во оваа сфера како поранешен директор на директоратот за туризам на Република Словенија, потоа претставник на таа земја во ЕУ Комитетот за туризам, претседател одговорен за Европа на Светската туристичка организација при Обединетите Нации и генерален директор за туризам и интернационализација во Министерството за економија на Република Словенија.