Премиерот Заев и министерот Николовски: Со крупните инвестиции како изградбата на системот за наводнување на јужновардарска долина, обезбедуваме услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците и поголем економски раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваа на настан посветен на почеток на градежни работи на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.  

„Денеска, започнува да се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза. Со реализацијата на овој проект, придонесуваме валандовскиот регион да добие квалитетен систем за  наводнување на земјоделските површини. Преку оваа инвестиција создаваме поволни услови за земјоделското производство да биде поекономично, а земјоделците да имаат помали трошоци а поголеми приходи. Поради сегашниот дотраен систем за наводнување, земјоделците трпат загуби во производството, а со изградбата на новиот модерен систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода. 
 

Со реализацијата на втората фаза од овој проект ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион, поточно во регионот на Јосифово и Пирава. Вредноста на Проектот за наводнување на јужната доилна на реката Вардар, втора фаза, е над 24,3 милиони евра. Оваа вредна капитална инвестиција ќе придонесе за производство на конкурентни производи од овој наш голем земјоделски регион“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Премиерот Заев додаде дека ефикасното управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, на што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи, ќе овозможи доволни количини на квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини во целата држава.

„Изградбата на современ систем за наводнување во овој регион, е од исклучително значење за земјоделците, за навремена достапност на вода за наводнување на површините, што е особено важно во летните периоди. Системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, се состои од главна и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри, односно замена на главниот отворен канал во затворен гравитациски канал на пупмната станица Удово и пумпната станицата Страиште во должина од околу 9 километри и дополнителна секундарна терцијална и дистрибутивна мрежа. Изградбата на новиот модернизиран систем за наводнување ќе придонесе за зголемување на обработливите наводнувани површини за производство на земјоделските култури кои се важни за овој регион. Конкретно со реализацијата на проектот ќе се овозможи наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина во валандовскиот регион. Со тоа, ќе се создадат услови за одржлива употреба и управување со природните и водните ресурси, што ќе придонесе за подобрување на условите за живот во валандовскиот регион  и за зголемено и конкурентно земјоделско производство. Вкупната инвестиција изнесува над 24,3 милиони евра, од кои дел од парите се од буџетот на МЗШВ, а дел се кредит и грант од германската развојна банка „KfW“. Целата тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи беше спроведена транспарентно и професионално , преку меѓународен отворен јавен повик. Кон средината на март го потпишавме договорот со изведувачот на градежните работи, компанијата „Штрабаг“, и еве сме денеска тука да ја означиме изградбата. Комплетната реализација на проектот очекуваме да заврши во 2021 година“, рече министерот Николовски во своето обраќање.
 

Тој додаде дека Изминативе две години започнати се крупни капитални инвестиции во воводостопанството, како што се браната Конско, Пишица, системите Равен речица, проектот со ЕУ за мали еколошки системи за наводнување и други, коишто ќе овозможат наводнување на нови 32.500 хектари. Целта е да се обезбедат услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците, а со тоа и поголем економски раст.

 


 

Премиерот Заев за почетокот на изградбата на системот за наводнување на јужновардарска долина, втора фаза: Валандовскиот регион ќе добие квалитетен систем за  наводнување на земјоделските површини за покункурентно земјоделско производство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваа на настан посветен на почеток на градежни работи на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза. Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев.

„Водостопанството како стопанска гранка е една од клучните области, таа е основа за развој на земјоделството. Затоа, секогаш ми претставува особено задоволство кога заедно со надлежните министерства вложуваме во капитални инвестиции во водостопанството, што значат подобрување на условите за земјоделското производство. 

Денеска, започнува да се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза. Со реализацијата на овој проект, придонесуваме валандовскиот регион да добие квалитетен систем за  наводнување на земјоделските површини. 

Преку оваа инвестиција создаваме поволни услови за земјоделското производство да биде поекономично, а земјоделците да имаат помали трошоци а поголеми приходи. 
 
Поради сегашниот дотраен систем за наводнување, земјоделците трпат загуби во производството, а со изградбата на новиот модерен систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода. 

Со реализацијата на втората фаза од овој проект ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион, поточно во регионот на Јосифово и Пирава.

Вредноста на Проектот за наводнување на јужната доилна на реката Вардар, втора фаза, е над 24,3 милиони евра. Оваа вредна капитална инвестиција ќе придонесе за производство на конкурентни производи од овој наш голем земјоделски регион. 

Без рехабилитација на системите за наводнување, инвестиции во брани и без проширување на постоечката водоводна мрежа, не можеме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство. Ефикасното управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, на што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи, ќе овозможи доволни количини на квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини во целата држава.

Владата на Република Северна Македонија, изминатите две години покажа дека е силно фокусирана на развојот на земјоделството, не само  преку капиталните инвестиции во водостопанството, туку и преку сите мерки што преземаат за овој сектор, којшто има важен удел во развојот на вкупната економија. 

Позитивните резултатите од нашите политики во овој сектор се повеќе видливи, учеството на земјоделството во вкупниот бруто-домашен производ, посебно во неговиот раст во првиот квартал од годинава достигна 13,6 отсто, како вграден елемент во севкупниот раст на БДП што е доволен показател дека овој сектор станува и останува столб на македонската економија. 

На крајот, Ви посакувам успешно да ја завршите оваа крупна инвестиција на сите учесници во овој проект, и секако голема благодарност до сите кои придонесоа да воопшто дојде до почеток на реализација на проектот, секторите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, германската развојна банка „KfW “, изведувачите, општината Валандово, проектантите коишто работеа, консултантите, Градежниот институт и сите други коишто беа вклучени кое останува вековиште за користење на земјоделците и нашите граѓани. Сакам само да напоменам дека со овој проект заокружуваме десеттина проекти во државата коишто во моментот се изведуваат во функција на зголемување на системите за наводнување. Ќе продолжиме во тој правец затоа што земјоделството е една од најважните гранки во нашата земја и затоа што придонесува во севкупниот приход на државата, но и голем дел од граѓаните живеат од него. Преку вода до секој хектар површина дефинитвно сите граѓани ќе имаат можност да се надеваат на поконкуретно со поконкуретни цени со поголеми заштеди во своето производство, а со тоа и полесен пласман. Нека е со среќа пуштањето во изградба на овој проект!“

 


 

Премиерот Заев и министерот Николовски: Оваа трајна инфраструктура во системот за наводнување на јужновардарска долина ќе остане да се користи од многу генерации земјоделци

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска дадоа кратки изјави за медиумите по повод почетокот на изградбата на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.

„Имаме можност да пуштиме во изградба еден многу значаен проект за еден од поголемите земјоделски региони во нашата земја. Валандовско – богданскио - дојранскиот регион заедно со гевгелискиот регион е еден од поголемите производители на храна којашто ја имаме на нашите трпези и еден од најсериозните учесници во нашиот извоз. Оваа трајна инфраструктура ќе остане вековиште да се користи од многу генерации земјоделци“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи дека преку овој систем за наводнување ќе се зголеми конкурентноста на земјоделските производи преку намалување на трошоците и зголемување на квалитетот, продажната цената и продуктивноста по хектар производство.

„Верувам дека брзо ќе се реализира овој проект кој е димензиониран да заврши со реализација за не подолго од 21 месец да биде пуштен во употреба, а паралелно со тоа се проектира и третата фаза којашто почнува од Страиште кон Раброво и дојранско-богданскиот регион со цел да опфатиме што е можно повеќе хектари на земјоделска површина“ додаде премиерот Заев.

Министерот Николовски посочи дека изминатите две години МЗШВ заедно со проектната единица задолжена за „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, со германската развојна банка KfW, меѓународниот консултант посветено се работеше да завршат сите постапки и процедури, а веќе с о германската KfW банка е договорена и рамката за следните проекти, како што е тоа е третата фаза за проектот јужновардарска долина, хидросистемот Лисиче. 
 

„Станува збор за 2.040 хектари на којшто ќе имаме еден од најмодерните системи за наводнување 9 километри главен канал, пет пумпни станици ќе бидат реконструирани и 85 километри секундарна и терцијална мрежа. Очекувам од изведувачот заедно со сите вклучени, овој систем во најкраток рок да биде ставен во функција, односно и пред рокот за завршување на градежните работи. Ова е дел и од нашата програма во делот на инвестициите во водоснабдителните системи за наводнување, почнувајќи од лани, како што е изградбата на системот Равен Речица, изградбата на браната Конско, малите еколошки системи за наводнување. Ова се само дел од проектите, но секако МЗШВ се подготвува за низа на други капитални проекти, инвестиции коишто после 15 години се градат во земјоделството, како значаен сегмент во македонската економија“, изјави Николовски.