Средба на Шекеринска и Димковски со граѓаните и дуќанџиите на Широк Сокак

Денешната работна посета на Битола, заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ја завршија со кратка прошетка на Широк Сокак.

Шекеринска и Димковски со граѓаните и со сопствениците на дел од дуќаните во битолската чаршија поразговаа за владините мерки со коишто парите се враќаат кај нив, како поврат на 15% од ДДВ за физички лица, зголемена парична помош за ранливите семејства, поголем опфат на деца со мерката за образовен и детски додаток, зголемување на минималната плата, намалувањето на казните, финансиската поддршка на фирмите како и навремен поврат кон фирмите.