Денес, во седиштето на ООН во Њујорк, започна 74-тото Генерално собрание на Обединетите Нации со Самитот за климатска акција, на кој учествуваат владини делегации од 193 земји членки на ОН, вклучително и владина делегација на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Владата.
Министерството за животна средина и просторно планирање, претставувана од министерот Насер Нуредини, како одговорен орган на државната управа надлежен за предлагање на политиките за намалени климатски пормени, активно учествуваше во подготовките за Самитот, предлагајќи ја засилената заложба за намалени климатски промени која се достави на барање на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутерес.
Наша задача е да продолжиме со интегрирање на заложбите за намалени климатски пормени со останатите цели за одржливиот развој, обезбедувајќи пониско јаглероден раст и развој и можност за создавање на ‘зелени’ работни места.