Денеска во Охрид започна „Охридскиот дијалог“ чиј домаќин е претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а во коорганизација со Атлантскиот совет и Охридската група. Министерот за надвореши работи, Никола Димитров, имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.
На настанот присуствуваат голем број на дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка. Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО - Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија. Настанот се организира во очекување на полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО.