Државниот секретар од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику заедно со министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили, денеска беа во посета на на локацијата во полошкиот регион каде што се гради системот за наводнување „Равен Речица“. Реализацијата на овој проект се одвива според предвидената динамика и досега 80 отсто од градежните работи се веќе извршени.
Државниот секретар на МЗШВ, Челику, посочи дека со изградбата системот за наводнување „Равен-Речица“, ќе придонесе за зголемување на наводнуваните земјоделски површини во Полошкиот регион, преку што ќе се овозможи производство и успешни реколти на култури поознати во Полог.
„Со овој систем за наводнување ќе се наводнува земјоделската површина што се протега од десната горна страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, односно до границите на градежните урбанизирани површини на населените места во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, почнувајќи од Здуње сè до Мала Речица.Со овој хидромелиоративен систем исто така предвидено е да биде опфатена и дополнителна површина од 300 хектари, која се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, во атарот на населеното место Горно Седларце. Со ова, со системот за наводнување „Равен – Речица“ вкупно ќе се наводнуваат над 3.300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово“, изјави Челику.
Изградбата на системот ќе се реализира во две фази и се очекува да трае 5 години. Реализацијата на овој капитален проект се финансира со средства од буџетот на Република Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Наводнувањето е клучно за развојот на земјоделството во Полошкиот регион. Во насока на модернизирање на земјоделското производство, државниот секретар Челику, посочи дека во Полошкиот регион има голема заинтересираност за мерките од ИПАРД 2 програмата, коишто се важни за воведување на нови технологии, изградба и реконструкција на преработувачки капацитети и друго. Според податоците од Платежната агенција, од овој регион има одобрено вкупно 20 проекти поднесени од страна на земјоделци и агробизнисмени за мерките од ИПАРД 2, со побарувана сума од над 1,2 милиони евра.
Во насока на подобрување на условите за живот во руралните општини од полошкиот регион, државниот секретар Челику потенцираше дека општините од Полошкиот регион со повеќе конкурира за мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините. Проектите за коишто ќе добијат финансиска поддршка од Платежната агенција се за изградба и реконструкција на локални патишта, пристапни патишта до земјоделско земјиште,урбанистички планови, собирни улици, реконструкција на канализациони системи, изградба на места за излет и друго. Од Полошкиот регион за мерките од Програмата за рурален развој конкурираа општините Боговиње, Врапчиште, Желино, Јагуновце, Тарце, Тетовo, и Центарот за развој Полошки регион.