Премиерот Заев во Лондон на средби со Трудо, Санчез и Меркел, поддршката од сојузниците Германија, Шпанија и Канада продолжува и се зајакнува

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамки на активностите на Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби и разговараше со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Шпанија, Педро Санчез и канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

Лидерите на овие земји сојузници на Северна Македонија изразија целосна поддршка и признание за историските исчекори кои ги направи Северна Македонија и уверување дека нивната поддршка за граѓаните на нашата земја ќе продолжи и ќе се зајакне во иднина.