Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, пред одржувањето на редовната 171 седница на Владата во Куманово имаше средба со претставниците на медиумите.
Изјавата за медиумите пред седницата на валадата во Куманово, на која учествуваа и учествуваа и градоначалниците од овој регион регион, од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, ви ја пренесуваме во целост:
Владата на Република Северна Македонија вечерва, својата редовна 171 седница вечерва ќе ја одржи овде, во Куманово.
Ова третата, од низата седници што ги започнавме и што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата.
Започнавме во Битола, бевме во Тетово, и еве не вечерва, со Владата во полн состав, во Куманово.
Поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа и поблиску до нивните потреби, за да ги слушнеме нивните укажувања за да ги одредиме приоритетите во интерес на граѓаните.
На оваа седница како гости ќе учествуваат и градоначалниците од овој регион регион, од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.
Сакаме од градоначалниците на овие општини најнепосредно да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните. Од тие информации, од она што го очекуваат граѓаните од овие општини и од овој регион да ги утврдиме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да ги реализираат општините со поддршка на централната власт.
Во текот на денот, на седницата вечерва ѝ претходеа повеќе теренски активности на замениците претседатели во владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на владата.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово - Св. Николе. Станува збор за еден исклучително важна регионална делница која ќе обезбеди побезбедно и поефикасно поврзување на северниот и северно-источниот регион на нашата земја со Свети Николе, а понатаму и со регионите во Штип и Струмица.
Министерот за здравство Венко Филипче ја посети општата болница во Куманово за да ја промовира новата опрема во болницата и да ги договори идните активности за доопремување со апарати за најсовремени здравствени услуги за граѓаните.
Министерот Филипче се сретна и со пензионерите со кои разговараше за укинувањето на квотите за лекови за да добие од прва рака информација дали мерката ги исполнува очекувањата на граѓаните.
Во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како една од корисниците на ИПАРД програмата. Неговата цел беше да ги охрабри сите други мали и средни компании да продолжат да аплицираат за ИПАРД средствата.
На тој начин Северна Македонија ќе го потврди првото место во регионот по искористување на овие фондови за развој на земјоделството и руралните средини на Европската Унија.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се сретна со корисниците на социјална пензија од Куманово и регионот. Социјална пензија користат над 4 илјади возрасни лица во земјата.
Ние згриживме 12 илјади стечајни работници, од кои еден поголем број се од Куманово. Сите тие добиваат над 8.000 денари месечно, се до нивното пензионирање. Ја исправивме долгогодишната неправда кон овие наши сограѓани.