Со одговорни и чесни политики го запревме растот на дефицитот во пензискиот фонд, популарно нарекуваната - „дупка во ПИОМ“, го стабилизиравме и со ефектите што ги очекуваме од создавањето на новите работни места, од растот на платите и од придонесите од нив, создаваме тренд за негово намалување, што ни обезбеди можност да ги покачиме пензиите, нагласи Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервју за емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.
„Дотации од Буџетот во 2018 во Фондот достигна 364 милиони евра. Затоа презедовме политики да го спречиме трендот на раст на дупката во Фондот, и ако може после и да опаѓа. Со зголемувањето на приходите од компаниите за 0,5 отсто, од кои 0,4 оди во пензиско, а 0,1 во здравствениот систем, растот на бројот на нови работи места, природно ќе го полни фондот и ќе паѓа потребата државата да дотира. Утврдивме дека тој тренд е добар и тоа ни даде за право да ги покачиме пензиите. Тоа ми дава уште едно право да кажам дека покачувањето на пензиите не е популистичка мерка. Затоа беше можно да обезбедиме покачување на пензиите од 700 до 900 денари месечно, со корекцијата плус со покачувањето на трошоците за живот. Не годишно, туку месечно, односно дополнителен приход за секој пензионер просечно за 10.000 денари годишно“, истакна премиерот Заев во интервју за емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.