Владата издвои 32 милиони денари за реконструкција, односно изградба на три моста

Со 32 милиони денари што ги издвои Владата на Република Македонија ќе се градат односно реконструираат три моста кои биле оштетени или урнати во временски непогоди.

Станува збор за мостот во општина Градско, на локалниот пат Градско- Ногаевци, оштетен за време на поројните врнежи од дожд зимата 2010/2011 година, потоа за мостот во општина Кратово, кој се наоѓа во населеното место Кулкица, а беше урнат од надојдените води на Крива Река во мај 2010 година, како и за мостот во општината Чешиново-Облешево, оштетен од надојдените води на реката Брегалница во декември 2010 година.

Во следниот период општините треба да изготват соодветни проекти согласно потребните стандарди, по што ќе можат да ги добијат средствата и да почнат да ги реализираат.