Реакција на МЖСПП во врска со медиумските информации за локалитетот Алшар

Со цел правилно и објективно информирање на јавноста, а во врска со информациите кои беа пласирани преку некои електронски и печатени медиуми околу заштитата на локалитетот Алшар, Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста за следното:

Локалитетот Алшар претставува природна минералошка реткост од светски размери во однос на појавата на поголем број на минерали на талиум кои се концентрирани на едно место на Земјината површина. Минералите на талиум во локалитетот Алшар се концентрирани во најголем дел во северниот дел од локалитетот, во делот кој се нарекува Црвен Дол.

Локалитетот Алшар во досегашната негова историја бил предмет на  геолошки истражувања и експлотација на руди и тоа: експлоатација на арсен, експлотација на антимон, истражување на руди на антимот, истражување на талиум и истражување на злато во периодот.

Истражувањата изведувани во периодот од 1953 до 1957 и од 1962 до 1965 година, резултирале со откривање на значителни количества руди на антимон, арсен и талиум со околу 300.000 тони. Рудното наоѓалиште Алшар во Македонија, е најголемо наоѓалиште на талиумови минерали во светот.

Научниот интерес на локалитетот Алшар е неспорен во поглед на употребата на миниралите на талиум како детектор на неутрината со потекло од сонцето.

Од погоре кажаното станува многу јасно дека локалитетот Алшар има економска, научна и природна предност како минералошка реткост. Економската вредност на објектот се огледа во постоењето на досега утврдени количини на руди на антимон, арсен, талиум и злато и во таа насока тој може да биде економски интерес на поголем број на инветститори.

Исто така, научниот интерес на локалитетот Алшар е неспорен во поглед на употребата на минералите на талиум како детектори на неутрината со потекло од Сонцето (Лореџ проект, Лорандите Еџперимент).

Со цел да се овозможи продолжување на геолошките истражувања за утврдување на економски значајни количини на руди на антимон, арсен, талиум и злато, завршување на активностите за реализација на научниот проект (Лореџ, Лорандите Еџперимент) како и обезбедување на услови за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на антимон, арсен, талиум и злато на локалитетот Алшар, потребно е да се спроведе постапка за престанување на заштитата на локалитет Алшар, согласно Законот за заштита на природата.