Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство д-р Венко Филипче, и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, денеска одржаа прес конференција на која информираа за новите дополнителни мерки за ограничување на движењето на граѓаните, како и за најновиот здравствен билтен за состојбата со лекувањето и ширењето на корона вирусот.
Премиерот Спасовски на прес конференцијата информираше дека на денешната 36 седница на Владата, на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, е донесено дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.
Според ова дополнување се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник на целата територија на државата.
Дополнително, за лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 часот до 15:00 часот.
Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.
Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16:00 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Општинските штабови во рамките на своите кризни активности да организираат достава на неопходните артикли до повозрасните лица и до лицата од ризичните групи.
Целта и на овие мерки како и на сите претходно донесени, истакна претседателот на Владата Спасовски, е пред сѐ заштита на јавното здравје и заштита на здравјето на секој поединец.
„Фазата во која влегуваме е веројатно фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици. Ова е нова, радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, за заштитата на здравствените работници, за индивидуалното и колективно здравје, за економијата и одржливост на социјалниот и општествен контекст. Сега секој од нас мора да даде максимален придонес, за оваа критична фаза во која влегуваме да ја поминеме со најмали можни штети. Да знаете, на крајот ќе го сопреме непријателот, но - оваа битка ќе трае. Само заедно можеме да ја намалиме силата на офанзивата“, нагласи премиерот Спасовски и додаде дека од секој еден од нас зависи колку долго и со каков интензитет ќе војуваме со коронавирусот.
Премиерот Спасовски на прес-конференцијата потенцираше дека треба да бидеме чесни и искрени и да ги прифатиме предупредувањата на експертите дека наредните две до три недели ќе го достигнеме пикот на бројот на заразени од коронавирусот, кој најверојатно ќе биде помеѓу 2.000 и 2.500 потврдени случаи.
„Подобро да се подготвуваме за повеќе, а да бидат помалку, отколку да се подготвуваме за помалку, а да ни се случи обратното. Заканата е страшна - радикална. Затоа и нашето однесување, на секој од нас, мора да биде радикално поразлично од до сега“, рече премиерот Спасовски.
Во своето обраќање на прес конференцијата по повод новите дополнително рестриктивни мерки за движење на граѓаните, премиерот Спасовски истакна дека годинава Велигденските и Рамазанските празници, како и сите други празници во овој период, ќе ги поминеме дома.
„Оваа година, верниците, своите молитви ќе ги упатат од дома. Велигденските пораки за победата над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за Рамазанските пораки. Од дома, преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници - напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме живот!“, истакна премиерот Спасовски.
Во продолжение на своето обраќање Спасовски уште еднаш апелираше дека сега е најважно да се почитуваат мерките зашто само така граѓаните ќе се заштитат себеси, своите семejства, своите пријатели и здравствените работници кои во овие мигови се нашите херои.
„И да знаете, државата има капацитети! Во моментов се активни повеќе од 1000 кревети во болничките капацитети, доколку дојде до потреба од хоспитализирање на заболени граѓани. Но, ајде сите да се покажеме херои и да не дојдеме до таму да ги полниме креветите во болниците. Утре е Светски ден на здравјето кој оваа година Светската Здравствена Организација целосно го посветува на здравствените работници и во тој контекст сакам да им порачам да се чуваат себеси за да можат да не чуваат нас, нашите семејства и јавното здравје“, потенцираше Спасовски.
Премиерот Спасовски рече дека Владата продолжува будно да ја следи состојбата и како и досега редовно и точно ќе информира за состојбата и за сите мерки што ќе се носат.
Спасовски и во оваа прилика повика да не се создаваат лажни вести и дезинформации. Тие создаваат неоснована паника. Имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните, и ги повика медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.
Спасовски: Заканата е радикална, затоа и однесувањето на секој од нас мора да биде радикално поразлично од до сега за да се заштитиме и колку што е можно повеќе да го минимизираме негативното влијание врз економијата
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство д-р Венко Филипче, и д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, денеска одржаа прес конференција на која информираа за новите дополнителни мерки за ограничување на движењето на граѓаните, како и за најновиот здравствен билтен за состојбата со лекувањето и ширењето на корона вирусот.
Обраќањето на премиерот Спасовски, како дел од оваа соопштение, ви го пренесуваме во целост:
На секој од нас му е јасно дека нашето живеење е целосно променето. Живееме во време на пандемија каква што досега не сме виделе. Светот се бори со невидлив непријател, кој секој ден зема огромен број жртви во сите земји. Ниту една земја не успеа да ги заштити своите граници од непријателот. Вирусот не познава граници, вирусот не бира кого ќе нападне и никој, апсолутно никој, не е заштитен ниту поштеден.
Светот веќе брои над 1,2 милиони заболени и близу 70 илјади смртни случаи како последица од коронавирусот, а последиците кои се предизвикани по економиите и општествата не можат да се пресметаат. Кај нас бројот на заболени од коронавирус ја надмина бројката од 550.
Ние навреме го вклучивме алармот и постепено воведувавме мерки со кои го успоривме ширењето на вирусот. Спремни го дочекавме првиот налет на вирусот и во првата фаза од епидемијата успеавме да го амортизираме ударот врз нашиот здравствен систем.
Мерките ги носевме етапно на препорака на Комисијата на заразни болести, Главниот Кризен штаб и Светската здравствена организација. Нашиот највисок и постојан приоритет е да ги заштитиме граѓаните и колективното здравје, и колку што е можно, да го минимизираме негативното влијание врз економијата.
Следејќи ги искуствата на другите земји кои се соочија со Ковид-19 пред нас, очекувавме и најавивме, дека ќе влеземе во фаза кога епидемијата ќе го промени својот тек, а бројот на заразени ќе прогресира.
Голем дел од заболените ќе ја минат болеста со лесни симптоми, но на многумина ќе им биде потребен болнички третман. За жал некои ја изгубија битката, а ќе има и други луѓе, наши сограѓани кои ќе ја изгубат битката со коронавирустот и ќе починат.
Овие информации се најмалку посакувани и многу е тешко да се кажат и примат. Тоа се тешки моменти за секого, но за жал неизбежни во ситуацијата во која се наоѓаме. Секој од нас би сакал да знае кога се ова ќе заврши, но на ова прашање светот нема одговор.
Фазата во која влегуваме е веројатно фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици. Ова е нова, радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, за заштитата на здравствените работници, за индивидуалното и колективно здравје, за економијата и одржливост на социјалниот и општествен контекст.
Сега секој од нас мора да даде максимален придонес, за оваа критична фаза во која влегуваме да ја поминеме со најмали можни штети. Да знаете, на крајот ќе го сопреме непријателот, НО - оваа битка ќе трае. Само заедно можеме да ја намалиме силата на офанзивата.
Од секој еден од нас зависи колку долго и со каков интензитет ќе војуваме со коронавирусот.
Треба да бидеме чесни и искрени. Ние како земја го немаме поминато најлошото. Според експертите наредните две до три недели ќе го достигнеме пикот во бројот на заразени од коронавирусот, кој најверојатно ќе биде помеѓу 2.000 и 2.500 потврдени случаи. Но, подобро да се подготвуваме за повеќе, а да бидат помалку, отколку да се подготвуваме за помалку, а да ни се случи обратното.
Заканата е страшна - радикална.
Затоа и нашето однесување, на секој од нас, мора да биде радикално поразлично од до сега.
Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, денеска донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.
Поточно:
Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник на целата територија на државата.
Дополнително,
За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.
Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Општинските штабови во рамките на своите кризни активности да организираат достава на неопходните артикли до повозрасните лица и до лицата
Овие дополнителни мерки стапуваат во сила во среда на 8 април.
Целта и на овие мерки како и на сите претходно донесени, е пред сѐзаштитанајавнотоздравјеизаштитаназдравјетонасекојпоединец.
Почитувани граѓани,
Годинава Велигденските и Рамазанските празници, како и сите други празници во овој период, ќе ги поминеме дома.
Оваа година, верниците, своите молитви ќе ги упатиме од дома. Велигденските пораки за победата над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за Рамазанските пораки. Од дома, преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не е собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници - напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме живот!
Нашите животи зависат од однесувањето на сите нас - никој од нас нема право да загрози туѓ живот – а живот нема да загрозиме ако останеме дома.
Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво.
Народот и државата можат заедно да го спречат ширењето на вирусот.
Оваа битка не можеме да ја добиеме сами. Можеме само заедно. Секој од нас е одговорен. Затоа сведете ги физичките контакти на минимум. Останете дома колку што е можно повеќе. Сега херојство е да се седи дома и сите комуникации и обврски да се завршуваат од дома. Излегувајте само ако е неопходно. Само ако одите на работа или имате нужна потреба. Кога излегувате придржувајте се до најосновните мерки за заштита, хигиена, често миење раце и одржување соодветна дистанца од другите.
Само така ќе се заштитите себеси, своите семejства, своите пријатели и здравствените работници кои во овие мигови се нашите херои.
И да знаете, Државата има капацитети!
Во моментов се активни повеќе од 1000 кревети во болничките капацитети, доколку дојде до потреба од хоспитализирање на заболени граѓани.
Но, ајде да спречиме и да не дојдеме до таму да ги полниме креветите во болниците.
Утре е Светски ден на здравјето кој оваа година Светската Здравствена Организација целосно го посветува на здравствените работници и во тој контекст сакам да им порачам да се чуваат себеси за да можат да не чуваат нас, нашите семејства и јавното здравје.
Владата продолжува будно да ја следи состојбата и како и досега продолжуваме редовно и точно да информираме.
Уште еднаш апелирам да не се создаваат лажни вести и дезинформации. Тие создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните.
Институциите овие злоупотреби ќе ги санкционираат согласно законите затоа што никој не смее, ниту има причина да ги вознемирува граѓаните и да создава непотребна паника. Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.
Вие, почитувани граѓани, придржувајте се максимално кон мерките, бидете одговорни, совесни и солидарни. Само така ќе ја надминеме оваа криза.