Mинистерот Попоски се сретна со Јануш Бугајски од Центарот за стратегиски и меѓународни студии на САД

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, го прими Јануш Бугајски, претседавач на програмата Lavrentis Lavrentiadis од проектот за Новите европски демократии на американскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии, со седиште во Вашингтон.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби и реформските процеси во нашата држава, како и за стратешките приоритети во внатрешната и надворешна политика на Владата на Република Македонија, со посебен акцент на евроатлантските интегративни процеси на нашата држава. Министерот Попоски го нагласи интересот и определбата на Република Македонија за континуирано надградување на добрососедски односи, за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност, како и за забрзана интеграција на целиот регион во евроатлантските и во европските структури.

Во разговорот, беа разменети мислења и за билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.