Владина делегација, предводена од вицепремиерот Пешевски на туристичкиот саем ИТБ во Берлин

Владина делегација предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски, во чии состав се директорот на Агенцијатата за странски инвестиции и промоција на извозот,Висар Фида и директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Република Македонија, Јордан Трајков, денеска учествуваше на најреномираниот интернационален туристички саем ИТБ, што се одржува во Берлин, од 7-ми до 11-ти март 2012 година.

На саемот Македонија ги презентираше своите туристички потенцијали во полето на културниот, рекреативниот и руралниот туризам. Вицепремиерот Пешевски денеска се обрати пред членовите на ИТБ Клубот на купувачи, каде што ги презентираше карактеристиките и потенцијалите на македонскиот туристички пазар. Тој информираше и за значајните поволности кои Владта ги нуди за странските тур-оператори и инвеститори од сферата на туризмот и хотелиерството.

- Оваа година Македонија ја има можноста да ја престави својата туристичка понуда на еден од најголемите туристички саеми. Очекуваме да создадеме многубројни контакти кои се надеваме дека ќе резултираат со зголемен интерес за туристичката понуда на Република Македонија, од страна на странските туристички агенции и тур-оператори, изјави Пешевски, додавајќи оти промоцијата на македонскиот туризам е дел предвидените активности кои се превземаат во пресрет на престојната туристачка сезона.

Оваа година, посочи тој, очекуваме да продолжи трендот на зголемување на бројот на странски туристи, како и зголемување на уделот на туризмот во бруто-домашниот приход. 

Четерисет и шестото издание на овој саем, кој во светски рамки претставува еден од најголемите настани од овој карактер, се очекува да го посетат над 140.000 посетители од целиот свет. На саемот ќе се престават над 10.000 претставници, од 187 земји, кои се очекува да остварат продажба на производи и услуги наменети за туристичката индустрија во износ од над шест милијарди евра.