Денеска се регистрирани 127 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 9153, оздравени се 83 пациенти – починати се 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 4271, активни 1885
•       Куманово 908, активни 240
•       Дебар 173, активни 111
•       Штип 582, активни 277
•       Прилеп 311, активни 62
•       Тетово 944, активни 297
•       Струга 361, активни 179
•       Велес 206, активни 30
•       Битола 88, активни 43
•       Охрид 238, активни 123
•       Кавадарци 29, активни 18
•       Гостивар 294, активни 193
•       Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
•       Струмица 28, активни 19
•       Крива Паланка 22, активни 11
•       Радовиш 18, активни 14
•       Крушево 13, активни 8
•       Кочани 88, активни 20
•       Пробиштип 43, активни 27
•       Демир Хисар 15, активни 13
•       Македонски Брод 9, активни 5
•       Пехчево 6, активни 0
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 12, активни 8
•       Свети Николе 197, активни 182
•       Кичево 100, активни 83
•       Ресен 140, активни 59
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 904 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-113, МАНУ -21, Жан Митрев (Филип Втори) –(не доставиле податоци), Систина со PCR метода -88 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 
•       Чаир – 280
•       Аеродром - 167
•       Бутел - 132
•       Гази Баба - 195
•       Центар – 153
•       Карпош – 153
•       Сарај – 108
•       Кисела Вода – 124
•       Ѓорче Петров – 113
•       Студеничани – 105
•       Шуто Оризари – 97
•       Арачиново – 30
•       Илинден – 20
•       Петровец – 20
•       Чучер Сандево – 12
•       Сопиште – 18
•       Зелениково- 12
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 139