Македонските полициски службеници членови на Интернационалната полициска асоцијација

Деновиве заврши оформувањето на регионалните клубови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) во Република Македонија, со што практично почна да функционира ИПА Македонија. Процесот на оформување на ИПА Македонија се одвиваше под менторство на ИПА Хрватска. Оформени се вкупно девет регионалниот клубови при секторите за внатрешни работи во Република Македонија.

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) е најголемо меѓународно гранковно здружение на полициски службеници од светот, регистрирана при Советот на Европа и ООН во кое членуваат над 300.000 полициски службеници од 63 земји во светот. Членови на ИПА здружението можат да бидат редовно вработени во МВР на РМ како и пензионирани припадници. ИПА овозможува стручна и професионална едукација, семинари и обуки за членовите на здружението, организирање и учество на меѓународни спортски и други манифестации.

Исто така преку членството во оваа асоцијација се овозможуваат бројни попусти за членовите на ИПА и нивните семејства при престој и сместување во странство (на летување и по друга основа), договорени попусти при користење на ИПА куќи и ИПА хотели во земјава и странство, договорени попусти во одредени трговски дуќани, организирање и учество на културни настани,  организирање на туристички посети за членовите на ИПА и нивните семејства во земјава и странство по поволни цени, подобрување на имиџот на полицијата и дриго. Зачленувањето е на доброволна основа за што, секој член добива меѓународна ИПА членска карта односно легитимација.