Oд редовната седница на Економскиот совет

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа редовна седница на Економскиот совет со која претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

На седницата се разгледуваа информации за повеќе тековни економски проекти и активности, при што посебен осврт беше ставен на активностите на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Во тој контекст беше заклучено Дирекцијата да пристапи кон подготовка на соодветна документација за објавување оглас чија што цел ќе биде воспоставување модел на јавно-приватно партнерство за управување со предвидените технолошко-индустриски развојни зони во општините Ранковце, Кичево и Гевгелија.