Премиерот Заев: Со политиките за достоинствено живеење обезбедуваме пристоен дом за секој граѓанин, вклучувајќи ја и изградбата на живеалишта за 24 семејства од ромската населба во Кочани

„Наскоро ќе започне изградбата на типски живеалишта со соодветни услови за живеење за 24 семејства, со околу 120 лица, кои подолго време  живеат во супстандардни и импровизирани живеалишта во ромската населба во Кочани“, соопшти претседателот на Владата Зоран Заев при денешната посета на Општина Кочани, а беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев.

Тој информираше дека за оваа цел се предвидени средства во висина од 25 милиони денари од Стратегијата за Ромите во областа на домување, од кои 16 милиони денари се обезбедени од Министерство за транспорт и врски во рамките на Стратегијата на Ромите и дополнителни 9 милиони денари од буџетот на Општина Кочани.

„Живееме во време кога секој заслужува пристоен дом, и тоа е врвна обврска на Владата и на локалната самоуправа во секоја општина. Да направиме сѐ што треба нашите сограѓани од секоја заедница, од секоја социјална група да се чувствуваат сигурно. Овој добар пример на градење и поврзување на централната и локалната власт ќе го спроведеме и во останатите општини каде што населението има потреба и каде што има услови за спроведување на вакви проекти. На тој начин нашите заложби ќе создадат добар пример за идните генерации, затоа што нашиот потенцијал доаѓа од нашите граѓани“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев посочи дека и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.

„Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017 година, односно за 6 години, биле изградени 678 стана, а во периодот од 2017 до 2020 година, или за три години се изградени и се во тек на изградба 897 станови од кои 10% како позитивна квота во критериумите ќе бидат наменети и за ромската заедница. Со овие капитални проекти го враќаме достоинството на граѓаните со социјални мерки за извлекување на наши сограѓани во социјален ризик од зоната на сиромаштијата со решавање на станбеното прашање на многу семејства“, нагласи премиерот Заев.

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека во делот на социјалната и станбена изградба во Кочани се планира и изградба на станбена зграда за 34 социјално ранливи семејства.

„Во текот на  2021 година изградбата на оваа станбена зграда ќе добие на силна динамика. Ова е многу значајно бидејќи државата секогаш треба да им се најде на граѓаните кога им е најпотребна. Во тој контекст обезбедувaме и 16 милиони денари за згрижување на ромско население преку изградба на типски куќи. Исто така, сакам да спомнам дека одвоивме и 6 милиони денари за инфраструктурни проекти за Кочани за реализација на кружни текови во централното градско јадро. Распределивме и 66 милиони денари на Општина Струмица за решавање на станбеното прашање на жители од општината“, посочи министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека со овој проект се решава повеќедецениски проблем во Кочани во однос на прашањето на диво населените лица во објектот Стара касарна.

Тој нагласи дека Кочани е една од првите општини во државата што покажува дека може да одговори на домувањето на Ромите, како едно од најгорливите прашања за оваа заедница.
 


Премиерот Заев од ромската населба во Кочани: Покажуваме грижа за секој наш граѓанин, во тек е изградба на 897 станови од кои 10% се наменети за ромската заедница
 

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев при денешната работната посета на Кочани извршија обиколка и увид на планот за изградба на типски куќи во ромската населба во градот каде 24 семејства, со околу 120 лица, кои живеат во несоодветни услови ќе добијат пристоен дом.

Во продолжение изјавата на премиерот Заев ви ја пренесуваме во целост: 

„Посетата на Општина Кочани е добар повод да објавиме вест дека наскоро ќе започне изградбата на типски живеалишта со соодветни услови за живеење за 24 семејства, со околу 120 лица, кои подолго време  живеат во супстандардни и импровизирани живеалишта во ромската населба Кочани.

За оваа цел, се предвидени средства од Стратегијата за Ромите во областа на домување во висина од 25 милиони денари. Од нив 16 милиони денари се обезбедени од Министерство за транспорт и врски во рамките на Стратегијата на Ромите и дополнителни 9 милиони денари од буџетот на Општина Кочани.

Живееме во време кога секој заслужува пристоен дом, и тоа е врвна обврска на Владата и на локалната самоуправа во секоја општина. Да направиме сѐ што треба нашите сограѓани од секоја заедница, од секоја социјална група да се чувствуваат сигурно.

Овој добар пример на градење и поврзување на централната и локалната власт ќе го спроведеме и во останатите општини каде што населението има потреба и каде што има услови за спроведување на вакви проекти. На тој начин нашите заложби ќе создадат добар пример за идните генерации, затоа што нашиот потенцијал доаѓа од нашите граѓани.

Наша примарна цел е да подадеме рака секому и да обезбедиме услови за афирмација и шанси за успех подеднакво за сите.

Во оваа фаза градиме домови за престој за најпогодените како основа за поширока  социјална интеграција и самостојно домување.

Во таа насока, и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.

Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017 година, односно за 6 години, биле изградени 678 стана, а во периодот од 2017 до 2020 година, или за три години се изградени и се во тек на изградба 897 станови од кои 10% како позитивна квота во критериумите ќе бидат наменети и за ромската заедница.

Со овие капитални проекти го враќаме достоинството на граѓаните со социјални мерки за извлекување на наши сограѓани во социјален ризик од зоната на сиромаштијата со решавање на станбеното прашање на многу семејства.“