Попоски се сретна со советникот на канцеларката Меркел за надворешна политика Кристоф Хојсген

Во рамките на работната посета на Сојузна Република Германија, министерот за надворешни работи, Никола Попоски оствари средби со Кристох Хојсген, советник за надворешна и безбедносна политика на Сојузниот канцелар, Ангела Меркел, со пратеници од германскиот Бундестаг, претставници на Фондацијата Конрад Аденауер, а имаше и излагање во Фондацијата за наука и политика, на тема: „Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ“.

Централни теми на разговорите беа европските и евроатлантските интегративни процеси на нашата држава, спорот за името со Грција, како и регионалната соработка. Министерот, Попоски исцрпно елаборираше за сите прашања за кои соговорниците искажаа интерес.  Од германска страна беше искажана целосна поддршка на патот на РМ кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Во поглед на прашањето за името министерот Попоски ја истакна  конструктивната позиција на РМ во процесот на преговорите за изнаоѓање на заемно прифатливо решение.