Средба на министерот Бесими со италијанска делегација, предводена од адмирал Сандали

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска се сретна со делегација од Република Италија, предводена од адмирал Паоло Сандали, заменик-началник на Секторот за планови и политика на италијанскиот Генерал штаб.

На средбата, е потврдена одличната соработка помеѓу двете министерства и армии.

Министерот Бесими го нагласил значењето на поддршката од Република Италија пред Самитот на НАТО во Чикаго, како и посветеноста на Република Македонија во процесот на интеграција во Алијансата.

На средбите претставниците на двете делегации се заложиле за продлабочување на соработката помеѓу двете министерства, со посебен акцент на воздушното набљудување, како и на можностите за идни ангажмани од областа на АБХО.