На денешната средба помеѓу министерката за труд и социјлна политика Јагода Шахпаска, раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде, и регионалната експертка која учествувала во подготовка на проектот, Доли Витбергер, беше презентиран проектот “Gender mainstreaming advisory services to the North Macedonian administration at central level”.
Проектот е дизајниран во тесна соработка со СЕП и во консултација со Министерството за труд и социјална политика, а активностите ќе се фокусираат на:
зголемување на капацитетот за апсорпција за спроведување на правото на ЕУ преку обуки, упатства и совети;
зајакнување на институциите;
обезбедување техничка помош за поддршка на приоритетните реформи и сектори; составување и употреба на родови податоци и статистика;
и воведување на методологии и алатки за вклучување на родовата еднаквост во секторските стратегии, програмите за работа на Владата / министерствата и стратешките планови.
Посебен акцент е ставен на поддршката на Владата на Северна Македонија во одговорот на значајните и специфични родово социо-економските предизвици што произлегуваат од мерките за време на пандемијата COVID-19, промовирање на родовата еднаквост и економското зајакнување на жените во одговор на кризата и закрепнување од последиците предизвикани од КОВИД-19.
Главната цел на проектот е поддршка на Владата на Северна Македонија во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост.
Главните партнери на проектот се Секретаријатот за европски прашања (СЕП, главниот корисник на проектот), структурите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Националната родова машинерија (координаторите).
На работниот состанок беа презентирани и начините на кои проектот ќе биде имплементиран. Едниот начин би бил во директно партнерство со СЕП, проектот ќе обезбеди стручна поддршка за зајакнување на интеграцијата на родовите перспективи во активностите поддржани од ИПА, фокусирајќи се на структурите за управување со секторот, како што се единиците на ИПА, координаторите на ИПА и секторските работни групи (ГСГ). Другиот начин на имплементирање би бил во директно партнерство со Секторот за еднакви можности / МТСП, проектот ќе ги зајакне капацитетите на ресорните министерства за интегрирање на родот во документи и процеси на Националната програма за усвојување на правото на Заедницата (НПАА), фокусирајќи се на персоналот во ресорните министерства и особено за суштинската улога на координаторите за еднакви можности.
Овој проект располага со буџет од 1,825,416.00 USD и истиот финансиски е менаџиран од страна на UN Women канцеларијата во Скопје.