Министерот Кралев ја заврши работната посета на Финска

Министерот за обрзование и наука Панче Кралев денеска работно ја посети Финска и во Хелсинки имаше повеќе средби, меѓу кои и со финскиот министер за образование Јука Густафсон, информира Министерството за образование и наука.

На средба со Јари Јокинен, директор на Универзитетот Аалто во Хелсинки, Кралев разменил искуства во областа на високото образование и можноста за соработка со некој од македонските универзитети.

Министерот имал средба и со Паиви Лаиовола де Росиере, директорка за ЕУ проширување и Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Република Финска.

- Тема на разговор на средбата беше евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, при што беше нагласена  посветеноста на сите државни институции во нашата земја во процесот на приближување кон Европската унија, соопшти МОН.

Кралев имал средба и со Рита Мустонен, потпретседател за истражување во Финската академија, а посетата ја завршил со средба со неговиот колега, министерот за образование и наука на Финска  Јука Густафсон.

- Двајцата министри изразија задоволство за досегашната соработка помеѓу двете земји. Министерот Кралев го запозна својот фински колега со бројните реформи кои Владата на Република Македонија ги воведува во македонскиот образовен систем, стои во соопштението од МОН.