Продолжува посетата на Попоски на Брисел

Министерот за надворешни работи  Никола Попоски кој престојува во Брисел на покана на високиот  преставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки  на Унијата и замјите кандидати.

На состанокот меѓу другото се  дискутираше за актуелните прашања од надворешната политика на ЕУ.

Министерот Попоски  оствари средба  и со неговиот грчки колега Ставрос Димас, а најавено е и дека денеска министерот Попоски ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на Шпанија Хосе Гарсија Марфил, на Кипар Ерато Маркулис и на Србија Вук Јеремиќ, како и со советникот во Европската служба за надворешна акција и олеснувач во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер.

На агендата на министерот е и церемонијата по повод пристапување на Македонија во механзмот и финасискиот инструмент за цивилна заштита на Европската Унија, која е организирана од страна на Европската Комисја. На церемонијата ќе учествува комесарот Кристалина  Георгиева одговорна за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.

Предвидено е министерот Поповски и комесарот Георгиева да одржат и билатерална средба на која ќе стане збор за соработка во областите од нејзината надлежност како и за европската интеграција на Република Македонија.