Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги разгледува и постапува по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување на корупција.
На денешната владина седница по доставена иницијатива од ДКСК, а разгледана и постапено од страна на кабинетот на ЗПВ Љупчо Николовски, Владата донесе одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски ,член на Управниот одбор – преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола. Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси.
Од формирањето на новата Влада, секоја пристигната иницијатива од ДКСК до Владата, внимателно и детално се разгледува и се постапува по истите. Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу клучните приоритети во владинта рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година, и во целиот процес е најважна соработката со сите надлежните антикорупциски институции, со независните тела, невладиниот сектор, бизнис заедницата. Владата покажува комлетна насоченост и почитување кон сите независни тела во државата, а пред се кон Државната комисија за спречување корупција, како една од клучните институции во откривањето и спречувањето корупција.