Акцијата „Ден на дрвото“ нема да се реализира оваа пролет

Пролетната акција „Ден на дрвото“ за 2012 година нема да се реализира, соопштува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ваквата одлука е донесена во консултација со експерти од областа на шумарството, чија препорака е наместо во овој временски период, акцијата да е реализира наесен.

Поради обилните врнежи од снег оваа зима и неговото интензивно топење, како и наглото затоплување, веќе истекуваат оптималните рокови за садење садниците и според мислењето на екпертите процентот на успешност на акцијата би бил мал.

Од Министерството очекуваат активностите кои беа планирани за пролетната да се реализираат во есенската акција, во подобри услови и со поголем процент на успешност.