Попоски: Проблемот со името непродуктивна блокада

Проблемот со името е непродуктивна блокада, а неговото решавање час поскоро може да ја подобри климата во регионот, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски  по средбата со неговиот грчки колега Ставрос Димас, што се одржа синоќа во Брисел.

- На средбата се дискутираше  за регионална соработка, а бидејќи Грција се наоѓа во моментов во предизборна кампања  сосема нормално е нивните интереси да се фокусираат во тој правец. Сепак, нашето гледиште и тоа што го афирмираме на овие средби  е дека се надеваме час поскоро да се надмине проблемот со името, кој претставува непродуктивна блокада и мислам дека со исчекор во тој правец  може да се подобри климата во регионот, изјави министерот Поповски  по средбата која се одржа на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати.

Во Брисел денеска беше потпишан и Меморандум за приклучување кон механизмот  за справување со кризни состојби на Европската Унија. По билатералната средба на министерот Поповски со комесарот одговорен за хуманитарна помош и справување со кризи Кристалина Георгива  беше истакнато големото значење и помошта во заедничката соработка со  останатите 31 земји членки кои се дел од овој механизам при справувањето со кризните состојби. Тоа, меѓу другото, подразбира и зголемено користење на европските фондови со цел да се зајакнат нашите капацитети во справување со кризите.

Во текот на денешниот ден министерот оствари средба и со олеснувачот во дијалогот мегу Белград и Приштина Роберт Купер, како и со министрите за надворешни работи на Кипар и Шпанија.

На вчерашната средба на министрите за надворешни работи на државите членки и државите кандитати за членство  на покана  на високиот преставник на Европската унија за надоворешна работа и безбедносна политика Кетрин Ештон, се дикутираше  за безбедносните предизвици во Авганистан. Министерот  Поповски истакна дека  Македонија е 5-та најголема земја контибутор во мисиите на ИСАФ.  Максимално сме посветени, посочи, во обуката и тренингот на авганистанските сили кои час поскоро треба да ја презамат одговорноста во општественото уредување.

- Тоа се цени и вреднува и е на линија на  аспирации кои ги навестуваме  и кои заслужено треба да водат кон полноправно членство во НАТО, изјави министерот Поповски.  Безбедносните предизвици и  очекувањата од  аспект  на политичката клима во Авганистан, дпдаде, се нешто што предизвикува особено значење и мислам дека за нас како земја членка кандидат, особено е значајно да го афирмираме  нашето учество на исто рамниште како и останатите учесници.