Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на Дебар

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта денеска  престојуваше во Дебар, каде се сретна со градоначалникот Аргетим Фида, на која присуствуваше и градоначалникот на соседната албанска општина Пешкоеа, Илир Кроси.

На средбата станало збор за соработката во сите области, со цел подобрување на условите за живот и унапредување на економската и севкупната соработка меѓу граѓаните од пограничните населени места на македонско-албанската граница.

- Разговаравме за подобрата соработка и поуспешното учество во ИПА фндовите за меѓугранична соработка,  изјави Фида, нагласувајќи дека добрата соработка со Министертвото за локална самоуправа продолжува.

Градоначалникот на Пешкопеа, Илир Кроси високо ја оцени меѓуграничната соработка која, како што рече е во полза на граѓаните од двете страни на границата, како и во целина на двете држави кои се стремат кон Европа без граници.

- За мене како министер за локлана самоуправа посебно задоволство ми е што се сретнав со градоначалниците на двете соседни општини, кои претставуваат добар пример како треба да соработуваат општини од две соседени држави, Република Мкедонија и Република Албанија, изјави министерот Бејта по средбата.

Бејта и Фида разговарале за фондовите кои се финансираат од ЕУ, а од чии средства во Дебар веќе се гради една голема спортска сала, чија вредност е над 700 илјади евра.

- Разговаравме како да се користат фондовите од ИПА програмата за погранична соработка за што веќе имав средба и со албанската министерска за евроинтеграции Мајлинда Брегу. До сега работите одат многу добро, но треба да се ангажираат и општините и граѓанскиот секор тие фондови кои не се малку за двете држави, Македонија и Албанија, околу 10 милиони евра  да ги користат и општините и невладиниот сектор да го развиваат пограничниот појас. Кога ќе се користат овие средства тогаш ќе имаме економски развој во цела држава, рече Бејта.

На средбата станало збор и за користењето на парите за рамномерен регионален развој, при што било изнесено идентично мислење дека  парите што се предвидени за осумте региони треба да се поделат поддеднакво на сите региони и да се развива децентрализацијата што ќе услови  економски развој на ниво на цела држава.