На 28 март започнува летното сметање на времето

На 57-мата седница Владата ја донесе одлуката утврдување на летното сметање на времето кое во 2021 година започнува на 28 март во 02:00 часот.

Летното сметање на времето во 2021 година започнува на 28 март во 02h 00min 00s, така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето во 2021 година завршува на 31 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s.

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.