Премиерот Груевски во посета на Министерството за информатичко општеставо и администрација


Тековните проекти и активности во областа на информатичките технологии, електронските комуникации, како и реформата на јавната администрација биле тема на интерес на денешната посета на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, на Министерството за информатичко општество и администрација.


На средбата во просториите на оваа институција во разговорот со раководниот тим премиерот Груевски непосредно се запозна со работата на службениците на различни нивоа во Министерството, при што оствари разговори и со раководители на сектори и на одделенија.


Со оваа посета премиерот Груевски ја продолжува практиката на посети на министерствата и државните институции со цел директно да се запознае со нивното работење.