Министерот Ивановски во Охрид се сретна со австралискиот сенатор Стивен Конрој

Министерот за информатичко општество и администација Иво Ивановски утрово имаше работна средба со сенаторот Стивен Конрој, министер за широкопојасен интернет, комуникации и дигитална економија, заменик претседател на Владата во Сенатот и помошник министер на премиерот за дигитална продуктивност во Владата на Австралија.

На средбата одржана пред почетокот на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој било дискутирано за искуствата, предивизиците со кои двете земји се соочуваат при развојот на широкопојасниот интернет.

- Со оваа средба уште еднаш се потврдува заложбата на Владата на Македонија за подобрување на односите со Владата на Австралија. Искуствата што денеска ги разменивме ќе се продлабочуваат и во иднина. Австралија веќе има развиена мрежа на широкопојасен интерент и на некој начин се лидери во светот, но она со што ние можеме да се пофалиме се проектите на Владата како што е за либерализација на пазарот, рече Ивановски.

Тој го посочи и примерот со владиниот проект за отварање интернет-киосци на 680 локации во руралните средини каде што граѓаните четири години бесплатно ќе можат да кортистат широкопојасен интернет. Токму тој проект ќе им биде презентиран на учесниците на денешната конференција во Охрид.

- Со тој проект Македонија ќе влезе во книгата на ОН како пример за успшешни приказни и искуства  што ќе можат да го користат и другите држави кои на своите агенди имаат заложби за развој на таа технологија, додаде Ивановски.

Министерот Конрој од своја страна изрази големо задоволство што има можност да биде прв министер од Владата на Австралија што ја посетил Република Македонија од прогласувањето на независноста.

- Работата на Комисијата е мошне важна, оттаму што работи на распространување на пораката дека пширокопојасниот интернет ќе го смени светот во кој живееме, од начинот на кој ги образуваме идните генерации, се до начинот на кој ќе функционира здравствената заштита во светот. Среќни сме што можеме да размениме искуства, проекти, да учиме еден од друг во тој процес на развивање нешто ново, изјави Конрој.

Тој потести дека токму Австралија е земјата во која е најбројната македонска иселеничка заедница надвор од матицата.

- Сум работел и имал многу средби со претставници на вашата заедница во Австралија, но и со вашите сонародници, така што престојот тука за мене претставува дополнително задоволство, додаде Конрој.

Ивановски и Конрој се членови на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој која првпат својот работен состанок ќе го одржи во Охрид, надвор од вообичаената практика тие средби да се организираат во нивните канцеларии во Женева, Париз и Њујорк.