Премиерот Груевски ја прими македонската ракометна репрезентација

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска(вторник, 03.04.2012 година) оствари средба со играчите и стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација, и раководството на Ракометната федерација на Македонија.

Премиерот Груевски им посака добро здравје, спортска среќа и нова радост на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, што ќе се одржи во Гетеборг, Шведска.

Претседателот на Владата потенцирајќи ги големите заслуги и среќни моменти кои ракометарите им ги приредија на граѓаните на Република Македонија, ја истакна поддршката на нацијата за ракометарите во совладувањето на следните предизвици.

Од страна на ракометната репрезентација и раководството на Ракометната федерација беше истакната благодарноста за поддршката која Владата ја овозможува за развој на спортот, преку инвестициите во спортската инфраструктура и инвестициите во образованието од областа на спортот, како и за поддршката на репрезентативниот спорт на секое ниво.

Премиерот Груевски посакувајќи им успех на ракометарите во следните натпревари, истакна дека без разлика на епилогот од квалификацискиот турнир, македонските ракометни репрезентативци ќе останат да бидат спортски херои на нацијата и синоним за пријатни моменти кои ги приредуваат на нашите граѓани.