Ве известуваме дека утре, 8 септември 2021 година (среда), по повод 30 годишнината од независноста на нашата држава ќе се одржат серија манифестации по следниов редослед:
1. Од 08:00 часот по повод 8 Септември - Денот на независноста премиерот Зоран Заев на гробиштата „Бутел“ на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит.
Присутни на настанот ќе бидат и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Мила Царовска, министерка за образование и наука. Ќе бидат присутни и многу други делегации, амбасади и политички партии.
2. Од 12:00 - премиерот Зоран Заев ќе присуствува на свеченост по повод доделување Орден „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија).
3. Од 17:00 часот - Централна манифестација пред Собранието на Република Северна Македонија, чие сценарио заедно со поканата за присуство на граѓаните (кои треба да се регистрираат во електронскиот формулар) се наоѓаат на следниов линк: https://vlada.mk/node/26432
Дополнително Ве известуваме дека пренос во живо од настаните ќе има на Националната телевизија како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.