Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31 октомври во 03h 00min 00s така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s.
Часот кој на 31 октомври 2021 година, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 02h 00min 00s и 03h 00min 00s се означува првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б.
Одлуката е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 68 од 25 март 2021 година.