Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Со цел креирање на ефикасни мерки и политики а во интерес на отвореноста на Владата на Република Северна Македонија кон граѓанското општество од особено значење е придонесот од невладините организации, кои работат во областа на спречување на корупција и криминал. За таа цел се потребни предлози и идеи кои би се инкорпорирале во Планот на Владата за борбата против корупцијата и криминалот.
Доставените предлози треба да содржат:
- Конкретни препораки и образложение за истите
- Конкретни активности за спроведување на препораките
- Надлежни инситуции за спроведување на активностите
- Предлог рок за исполнување на активностите
Предлози треба да се достават на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.