Со цел креирање на ефикасни мерки и дополнување на Планот за борба против корупција, денеска од страна на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, се објави Јавeн повик до Невладини организации во Република Северна Македонија кои работат во областа на спречување на корупцијата и криминалот. Преку овој повик, се повикуваат невладините организации кои работат во оваа област да достават свои предлози за креирање на мерки и политики за борба против корупцијата и криминалот.
Доставените предлози треба да содржат:
- Конкретни препораки и образложение за истите
- Конкретни активности за спроведување на препораките
- Надлежни инситуции за спроведување на активностите
- Предлог рок за исполнување на активностите
Предлозите треба да се достават на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.
Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, а за реализацијата на оваа цел од особено значење е придонесот на невладниот сектор.
Линк до јавниот повик: https://vlada.mk/node/27023