Владата на Република Северна Македонија, денеска, 30.11.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната, 122-ра седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлогот на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.
На предлог на Министерството за здравство, на денешната редовна седница ќе биде разгледан и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.
За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 13:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.