На ден 09.12.2021 година (четврток) на Аеродромот Скопје и во воздушниот простор над главниот град ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.
За време на планираната активност медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.
На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон - генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По завршување на настанот пред новинарите ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералот Де Ла Круз.
Ве покануваме да ги проследите активностите кои ќе се изведуваат на аеродромот Скопје и одблизу да се запознаете со воздухопловите кои ќе бидат вклучени во овој настан на патролирање над нашиот воздушен простор кој е интегриран во колективниот безбедносен систем на одбрана на воздушниот простор над НАТО земјите членки.
Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.
Заинтересираните медиумски екипи, можат да се акредитираат за да го проследат настанот кој е предвидено да се случува на Меѓународниот аеродром во преку влезот на Капија 5, на кој ќе треба да пристигнат истиот ден, не подоцна од 11:45 часот.
Со цел почитување на КОВИД-19 протоколите и безбедносните аеродромски протоколи, неопходно е најдоцна до 7 декември 2021 (вторник) 20:00 часот, задолжително да го завршите процесот на акредитирање на следниот линк и дополнително во системот на ТАВ и МВР прикачен во прилог.
Ве замолуваме да се придржувате строго до упатствата дадени од страна на ТАВ и МВР како би овозможиле непречен пристап на медиумските претставници на аеродромот.
За полесно движење и спроведување на медиумските екипи, ве молиме во формата за акредитација задолжително наведете дали медиумскиот претставник ќе користи организиран превоз. За оние кои ќе користат организиран превоз, поаѓањето ќе биде во четврток, на 9 декември, во 10:50 часот од страната на гаражите на Владата на Северна Македонија.
Линк до формата за акредитација на Владата на Република Северна Македонија: https://forms.gle/SRFTXW4mktCVHCp57