Министерот за економија, Крешник Бектеши заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорот на АД ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу во текот на денешниот ден го посетија ски-центарот „Попова Шапка“ каде извршија увид на активностите што се реализираат за модернизација на ски-центарот.
Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека туристичкиот центар со работите што континуирано се вршат полека се распоредува со регионалните и европските туристички центри, нудејќи што повеќе услуги за туристите.
„Им благодарам на менаџментот на господинот Авзиу за неуморната работа што ја направија со цел да се зголеми понудата и да се подобрат услугите во рамките на Попова Шапка за да го направат туристичкиот центар да биде поатрактивен за домашните и странските туристи, имајќи предвид дека една од главните определби на Министерството за економија и Владата е токму таа подобрена понуда во туристичките центри во нашата земја да донесат што повеќе туристи, да се зголеми фреквентноста на одредени места и на тој начин директно и индиректно да се влијае на локалниот економски развој не само во Тетово туку и во целиот регион.
Како министер за економија и како Влада секогаш менаџментот на „ЕЛЕМ ТУРС" кој посветено ги реализира работите било да се тие инфраструктурни или во подобрување на услугите за посетителите секогаш ќе ја имаат нашата поддршка и на тој начин ќе создадеме центар кој ќе фигурира со регионални и европски центри во иднина.
Министерот Насер Нуредини упати честитки за досегашната работа во Попова Шапка и истакна дека тоа е важен чекор и за граѓаните и за економскиот развој на државата.
„Денеска за првпат го најавивме отворањето на Попова Шапка како национален парк во Шар Планина. Ова е пример како можеме да создадеме економски активности и да им овозможиме на нашите граѓани да дојдат да се релаксираат и да прават различни активности“.
Директорот на „АД ЕЛЕМ ТУРС", Адем Авзиу рече дека нашол многу недостатоци кога дошол на чело на функцијата, но дека веќе се прават неопходните подготовки овој ски центар да реализира успешни зимски сезони.
Заедно, како што сме овде, ќе ги посетиме сите пунктови и сите работи што ги направивме во овој ски-центар со единствена цел да ги подобриме условите, да ја средиме скијачката инфраструктура и да го развиеме туризмот. Сега ќе можете да ги видите и рефлекторите кои се санирани и веќе се во состојба на готвеност за ноќни патеки за скијање. Имаме повеќе од 2 километри ски патека за ноќно скијање.
Дополнително, инвестиравме и во два модернизирани мини бар ресторани. Новина за оваа година е што за првпат во туристичкиот центар Попова Шапка имаме јавни тоалети".
По увидот на работите, во текот на денот министерот Бектеши ќе го пушти во употреба новиот систем за осветлување во скијачкиот центар, со што и официјално ќе биде објавено отворањето на сезоната за годинава.