Владата на Република Северна Македонија денеска, 11.01.2022 година (вторник) ќе ја одржи 132-та седница.
На дневниот ред на седницата е предвидено да се најдат Предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни училишта и средни училишта за 2022 година, како и информацијата за преземени активности во однос на обврските од иницијативата Отворен Балкан.
На предлог на Министерството за здравство на седницата е најавена и Предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2022 година.
За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.