Владата на Република Северна Македонија, денеска, 12.4.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 37-ма седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледуваат Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, како и предлог за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Пред министрите ќе се најде и Информација за Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Северна Македонија за периодот 2021-2025 година, со Програмска рамка, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.