Активности на министерот без ресор, задолжен за дијаспора, Чупи во првите 100 дена од Владата

Во рамките на одбележувањето на достигнувањата на Владата на Република Северна Македонија и министерствата во првите 100 дена од работењето, Кабинетот на Министерот без ресор, задолжен за дијаспора д-р Џемаил Чупи, согласно програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, активно работи на продолжување со имплементација на Националната Стратегија за соработка со дијаспората за 2019-2023 година и Акцискиот план како нејзин составен дел. 

Поставување на  темелите за идна реализација на низа потенцијални проекти во насока на унапредување и продлабочување на соработката со дијаспората како и на нејзиното поинтензивно вклучување во повеќе сфери од општественото живеење, е основен план на Кабинетот на Министерот д-р Џемаил Чупи. 

Дополнително, во изминатите три месеци систематски се реализираа подготовки и се финализираа планови за понатамошен тек на активностите поврзани со дијаспората, во насока на долгорочно решавање на проблемите од различен карактер а во интерес на државата и македонското иселеништво.

Првенствено, воспоставивме транспарентност во работењето преку активирање на нашата официјална веб-страница, на која е овозможен детален увид во сите наши тековни активности. 

Паралелно, покажавме спремност за интензивирање на односите со дијаспората преку конечно идентификување и комуникација со над 500-тина активни здруженија на дијаспората. 

Воедно, работевме на процесот на подготовка и поттикнување на формирање пратеничка група за соработка со дијаспората, што како предлог актуелно се разгледува во Собранието на Република Северна Македонија.

Заради изразената миграција посебно на високообразовните кадри, го започнавме проектот „Научна дијаспора“ преку продолжена соработка со универзитетите по пат на Меморандуми за соработка. 

Добросостојбата на иселениците е наша примарна цел за чие исполнување започнавме со проектот за формирање „Локални центри за дијаспората“ по пат на подготвена иницијатива упатена до општините во Северна Македонија заради давање на  услуги од стручна, техничко-административна природа на сите иселеници на кои истата им е потребна кога престојуваат во Република Северна Македонија.

Исто така, не беа изоставени работни посети на други држави, како што во моментов е тековната посета на Сојузна Република Германија во периодот од 27 до 30 април на која очекуваме да бидат начнати многу теми од значење за нашата дијапора со приказ на дополнителни позитивни исходи. Воедно како неизмерно важна, поради бројот на наши иселеници во неа и нивното влијание во матичната држава, би ја издвоиле посетата на Соединетите Американски Држави. Министерот Чупи во Њујорк и Њу Џерси, оствари поголем број на средби со претставници на здруженија на дијаспората, со претставници на двете најголеми верски заедници, како и со влијателни личности основачи на индивидуални успешни бизниси во САД и на територијата на Република Северна Македонија. 

На дел од средбите се зборуваше за унапредување на врските со дијаспората, чување и негување на културниот идентитет и секако проширување на можноста за спроведување дополнителна настава по мајчин јазик во САД. По пат на взаемна соработка, успеавме да овозможиме нивно препознавање и воедно прифаќање на истите како дел од стратешките приоритети во Предлог-одлуката на Владата на Република Северна Македонија во 2023 година. 

Истовремено, би потенцирале дека приоритет на Кабинетот на Министерот е да продолжи тесно да соработува и да дејствува во целосно партнерство со националните и меѓународни партнери, давајќи свој придонес кон зајакнувањето на сите клучни области на миграцијата. Во тој контекст, би ја споменале средбата со претставници од Меѓународната организација за миграција (ИОМ), на која беше договорено во краток временски период да се започне со заеднички проект за мобилност, овозможувајќи обезбедувањње на стручна поддршка на одредени државни институции на Република Северна Македонија.

Објавувањето на резултатите од пописот на населението покажа дека 12,4% од нив се во дијаспората и не поттикна дека треба уште посилни и поодлучни посветено и во континуитет да работиме во насока на обединување на нашата дијаспора со цел поефикасно функционирање на непрекинатата продуктивна соработка на секое поле независно од околностите.