Владата на Република Северна Македонија, денеска, 03.05.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 42-ра седница.
Според предложениот дневен ред, согласно своите надлежности Владата ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На дневниот ред на седницата денеска е Извештај за степенот на реализација на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, како и Информација со Извештај за реализирани активности за 2021 година од Националната стратегија за развој на концептот „Eдно општество за сите и интеркултурализам”.
На денешната седница, членовите на Владата ќе го разгледуваат Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Анекс 4 на Централно-европскиот Договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), со Протокол за дефинирање на концептот на производи со потекло и методите на административна соработка согласно Одлуката на Мешовитиот комитет на Централно европскиот договор за слободна трговија.
За заклучоците и одлуките по одделните точки од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.