„Отворен Балкан“ е практична имплементација на 4-те слободи, тоа е платформа како да се имплементираат 4-те слободи затоа што е невообичаено и досега невидено стоки произведени во Елбасан да патуваат побавно до Северна Македонија и до Србија отколку што патуваат во Норвешка, истакна на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
„Навистина не е во ред единствените граници да бидат на Западен Балкан затоа што, штом одите во Хоргош на унгарската граница со Србија, или на хрватската граница, веќе немате граници до Скандинавија. И кога зборуваме за „Отворен Балкан“ зборуваме за практична имплементација на 4-те слободи“, потенцираше Ковачевски.
Ковачевски дополни дека наместо расцепкани пазари од 2, 4 или 8 милиони и граници, со „Отворен Балкан“ се создава пазар од 12 милиони и повеќе граѓани кој веднаш значи поголем економски раст и повисок Бруто домашен производ.