Премиерот Димитар Ковачевски на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава истакна дека војната во Украина и нападот на Русија покажа јасна обединетост меѓу ЕУ и државите кои споделуваат исти вредности и кои имаат целосна демократијата и кои, заедно со САД и со усогласувањето со политиките на НАТО, ја избраа вистинската страна.
„Во случајот на мојата држава, иако не сме членки на ЕУ, целосно ја усогласивме нашата надворешна политика со политиката на Брисел затоа што тоа е вистинската страна на историјата во борбата со автократијата“, потенцираше Ковачевски.
Историски избор за Северна Македонија, нагласи премиерот Ковачевски, е и определбата САД да биде наш стратешки партнер со кој од вчера го започнавме процесот за Стратешки дијалог со што нашите односи се унапредени на ново, значајно ниво и тоа е така 30 години во текот на нашата независност, рече на панелот на ГлобСек 2022 премиерот Ковачевски.