Реализација на новиот Клинички центaр почнува утре

Реализацијата на проектот за изградба нов Клинички центар официјално стартува утре со објавување на јавниот повик за изнаоѓање куќа што ќе направи идејно решение.

На тендерот за изработка на идејно решение, истакна денеска премиерот Никола Груевски, секоја куќа која ќе конкурира ќе мора во тимот да вклучи и лица кои досега веќе имаат направено најмалку два вакви објекта во земји членки на ОЕЦД.

Завршува и првата фаза, односно проектната задача за изградба на новиот Клинички центар.  

- Станува збор за 47 илјади метри квадратни простор, а ќе биде изграден внатре во кругот на постојниот Клинички центар. Очекуваме деновиве, најверојатно  утре, да излезе тендерот за идејно решение, по чие завршување е втората фаза - изработка на проект, а потоа изградбата, изјави премиерот Никола Груевски по отворањето на двете нови лаборатории на Факултетот за фармација во Скопје.

Тој изрази надеж дека првата и втората фраза, идејното решение и изработката на проектот, ќе бидат завршени до крајот на оваа, односно почетокот на следната година, а потоа ќе почне процедурата за изнаоѓање градежна фирма.

- Кон средината на следната година се очекува да почне градбата на новиот објект на клиниките во Скопје. Онака како што го најавивме, така и ќе се релизира, согласно плановите што ги имаме направено, нагласи премиерот Никола Груевски.