Груевски: Граѓаните да бидат спокојни, Македонија е малку задолжена земја

Македонските граѓани треба да бидат спокојни. Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Повторувам четврта најмалку задолжена земја во Европа со само 26 отсто од БДП. Се другото е дневна политика  и партиски обиди за добивање дневно-политички поени, изјави денеска премиерот Никола Груевски како одговор на обвинувањата на опозицијата дека расте долгот на државата.

Премиерот додаде дека кога сегашната опозиција си заминала од власт долгот на државата бил 39 отсто од БДП, за реазлика од сегашните 26 отсто.

- Така може да се направи разлика дли и колку расте долгот. Нормално во светот е државите да враќаат одреден долг со ново задолжување, кое е и поевтино задолжување и делумно тековно да го отплаќаат долгот. Ние имаме и тековно отплаќање, и нормално, кога доаѓаат поголеми рати со замена на долг се враќа поголемо парче од долгот, а едно парче и со тековни плаќања од буџетот, рече премиерот Груевски повавајќи дека на таков начин се постигнува континуирано намалување на долгот.